Пролог: Света Нона
 

 

Житие: Света Нона

Календар, житија, пости
Почеток
 
Мајката на Св. Григориј Богослов. Како христијанка имаше силна и чудотворна молитва. Така со својата молитва кон Бога таа го обрати својот маж од незнабожечката глупост во христијанската вера. Нејзиниот маж Григориј подоцна беше епископ во градот Назијанз. Света Нона своевремено со молитва го спаси и нејзиниот син Св. Григориј Богослов од бура. Се престави мирно како ѓакониса во 374 година.

Тропар
Блажена си ти, мајко наша смирена, блажена си пред Господа, слугинко верна Негова, затоа што Он гледајќи ја ревноста твоја молитва брзокрилна ти подари, и на неа мноштво души прилепи. Затоа не оставај н? без твоите молитви пред престолот на Христа, Кој таква слобода ти подари.