Пролог: Светиот свештеномаченик Полихрониј, епископ Вавилонски
 

 

Житие: Светиот свештеномаченик Полихрониј, епископ Вавилонски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Кога го освои Вавилон, царот Декиј го фати Полихрониј со тројца презвитери, двајца ѓакони и двајцата покрстени кнезови: Авдон и Сенис. Полихрониј не сакаше ништо да му одговара на царот а само молчеше, додека презвитерот Пармениј одговараше за сите. Царот ги одведе епископот и свештениците во Персија, во градот Кордова и ги уби со секира. А кнезовите, Евдон и Сенис, ги одведе со себе во Рим и таму прво ги фрли пред ѕверови, а потоа ги погуби со меч. Сите пострадаа чесно, во 251 година.