Пролог: Светиот свештеномаченик Садок
 

 

Житие: Светиот свештеномаченик Садок

Календар, житија, пости
Почеток
 
Беше епископ во Персија после Св. Симеон. Еднаш во сон му се јави Св. Симеон и му рече: „Вчера јас, денес ти!“ Овие зборови Св. Садок му ги протолкува на своето стадо со значењето: „Лани пострадав јас, а оваа година ќе пострадаш ти!“ И навистина, таа година царот Сапор го уапси, заедно со многуборен клир и народ и ги изведе на суд. Прво им нареди да им се поклонат на огнот и на сонцето како на божества. Садок одговори: „Ние сме од сесрце подготвени да умреме за нашиот Бог, но на сонцето и на огнот нема да им се поклониме“. По ова беа мачени и осудени на смрт со меч. Пред смртта Св. Садок Му ја вознесе на Бога оваа молитва: „Измиј н ѐ , Боже, во нашата крв од нашите гревови!“ Неговите свештеници и верни заедно со него си ги предадоа телата на смрт, а душите на Бога бесмртниот. Пострадаа во 342 или во 344 година.