Пролог: Светиот маченик Варлам
 

 

Житие: Светиот маченик Варлам

Календар, житија, пости
Почеток
 
Родум од Антиохија. Заради верата во Господ Исус Христос беше измачуван многу од нечестив судија. Најпосле судијата намисли да го исмее и под принуда на околности да го натера да принесе идолски жртви, заради што го одведе во идослкиот храм и му стави оган на дланката и темјан на оганот мислејќи дека маченикот ќе мора од болка да го фрли огнот со темјанот од раката пред идолите и така и не сакајќи да ги покади. Но херојскиот Христов војник го држеше огнот на својата дланка и без помисла д го фрли на идолите, с ѐ додека прстите не му изгореа и отпаднаа и дланката не му прегоре. И така на земјата со огнот паднаа и прстите на маченикот. „Десница имаше посилна од огнот,“ вели Св. Василиј Велики, „...зашто ако пламенот и ја зафати раката, таа го држеше огнот како да е пепел“. А Златоуст пишува: „Ангелите гледаа од височините, го набљудуваа архангелите, глетката беше величествена, навистина ја надминуваше човечката природа. Кој не би посакал да види човек којшто се подвизувал и не го чувствувал она што им е својствено на луѓето, којшто и самиот бил жртвеник и жртва и жрец?“ Кога му изгоре раката, целото тело на старецот Варлам се сруши мртво на земјата, а душата му замина во вечниот спокој на неговиот Господ и Спасител. Овој преславен старец-јунак пострада во 304 година.
prescription drugs coupon go cialis free coupon