Пролог: Светиот новомаченик Јордан
 

 

Житие: Светиот новомаченик Јордан

Календар, житија, пости
Почеток
 
Родум од Трапезунт, по занимање казанџија. Отворено ја бранеше верата Христова и ја изобличуваше мухамеданската. За ова пострада од Турците во 1650 година во Галата во Цариград. Исто така пострада и монахот Гаврил, канонархот на Големата црква во Цариград во 1672 година.

Тропар
О Јордане, пофалбо на Црквата, устата твоја Христос Го исповеда, кога лагата се понуди во замена за живот вечен, пред луѓето и пред ангелите остана радосен во подвигот, и жив во Христа Господа, пред Кого се молиш за спасение на оние кои притекнуваат кон тебе.