Пролог: Светите маченици Алфеј, Филаделф и Кирин
 

 

Житие: Светите маченици Алфеј, Филаделф и Кирин

Календар, житија, пости
Почеток
 
Родени браќа, синови на некој кнез Виталиј во Јужна Италија. Прекрасни во благородството, силни во верата. Судени за верата во Христа; водени од еден судија до друг, од еден мачител до друг. Одведени во Сицилија и таму убиени во времето на царот Ликиниј. На Алфеј му го отсекоа јазикот. Од излив на крвта Алфеј умре. Филаделф беше изгорен на железна леса, а Кирин во оган. Нивните нетлени мошти беа пронајдени во 1517 година. Овие тројца браќа ѝ се јавија на Света Евталија (под 2 март).