Пролог: Свети Мирон Чудотворец, епископ Критски
 

 

Житие: Свети Мирон Чудотворец, епископ Критски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Најнапред беше оженет и се бавеше со земјоделие. Од овоземните плодови на својот имот Мирон радосно и изобилно им раздаваше на бедните луѓе. Еднаш на своето гумно затекна непознати крадци како крадат жито. Не им кажа кој е, туку им помагаше на крадците да ги наполнат вреќите, им помогна и да ги кренат на грб и да побегнат. Заради неговата преголема добродетел беше ракоположен за презвитер, а потоа и за епископ. Беше голем чудотворец и правеше многу добри и силни дела со името на Господ Исус. Се упокои околу 350 година, на старост од сто години.