Пролог: Светиот презвитер Севир
 

 

Житие: Светиот презвитер Севир

Календар, житија, пости
Почеток
 
Живееше во средна Италија. Маж со вонредна светост. Еднаш беше повикан за Исповед и Причест кај еден човек на умирање, а задоцни бидејќи работеше во лозјето. Брзо му пратија вест дека болниот умрел. Сиот исплашен, како да го убил човекот, почна горко да плаче над мртвиот. И за неговата усрдна молитва Бог го оживеа мртовецот. Тогаш Севир го исповеда и го причести, го приготви за христијанска разделба со овој свет. Осмиот ден оттогаш човекот повторно умре.

Тропар
Лозару на Божјото лозје, молитвенику кој за овците душата своја ја полага, оче свет Севире, за нас моли се ти, чии молитви Господ брзо ги услишува, за да дарува спасение на нашите души.