Пролог: Свети Нифонт Чудотворец
 

 

Житие: Свети Нифонт Чудотворец

Календар, житија, пости
Почеток
 
Роден е во Пафлагонија, воспитан во Цариград на дворецот на еден војвода. Како млад западна во лошо друштво и се расипа, се предаде на мноштво гревови и порорци. Заради гревовите не можеше да Го моли ни Бога. По милоста на Пресвета Богородица се врати на патот на правдата и се замонаши. Имаше безброј виденија од небесниот свет. Четири години водеше тешка борба со демонот којшто постојано му шепотеше: „Не постои Бог! Не постои Бог!“ Но кога му се јави Самиот Господ Исус како жив на иконата, Нифонт стекна голема сила над злите духови и се ослободи од тешките искушенија. Беше толку проѕорлив што ги гледаше ангелите и демоните околу луѓето исто како што ги гледаше луѓето и ги распознаваше човечките помисли. Со ангелите разговараше често, а со демоните се препираше. ? подигна црква на Пресвета Богородица во Цариград, собра монаси и мнозина ги спасуваше. Александрискиот архиепископ Александар по откровение од небото го посвети за епископ на градот Констанциј на Кипар. Во тоа време Свети Нифонт беше веќе стар. Добро управуваше со Црквата некое време, па се пресели во Царството Христово. Пред смртта го посети Св. Атанасиј Велики, архиѓаконот на александриската Црква и му го виде лицето после смртта осветлено како сонце.

Тропар
Благословен си Господи Боже наш, Кој најде сокровиште во срцето на Нифонт пастирот Твој. Блажен си ти, Нифонте, примеру на покајание, Миленику на Пресветата, собеседнику на Ангелите, застапнику на грешниците, кој и сега се молиш за нас, неокајаните, да припаднеме сите кон Христа, и по твоите молитви, од Него милост да измолиме.