2:21-25;3:1-9
| 21. | Бидејќи вие сте за тоа повикани, оти и Христос пострада за нас, оставајќи ни пример, за да врвиме по Неговите стапки: |
| 22. | Он не прави грев, ниту, пак, во устата Негова се најде измама; |
| 23. | кога на Него хулеа, Он не им одвраќаше со хули; кога страдаше, не заплашуваше, туку се потпираше на Оној, Кој праведно суди. |
| 24. | Он сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте”. |
| 25. | Зашто бевте како овци изгубени, кои немаат пастир, но сега се обрнавте кон Пастирот и Владиката на вашите души. |
| 1. | А така и вие, жените, бидете им покорни на своите мажи, та, ако некои од нив не му се покоруваат на словото, преку поведението на своите жени да се придобијат без услови, |
| 2. | кога ќе го видат вашиот чист и богобојазлив живот. |
| 3. | Вашата убавина да биде не надворешна, односно во плетењето на косите, китењето со злато или облекување на облеки, |
| 4. | туку – внатрешна, во срцето на сокриениот човек, во постојаност и тих дух, што е драгоцено пред Бога. |
| 5. | Оти така некогаш се украсуваа и светите жени, кои се надеваа на Бога и им се покоруваа на мажите свои, |
| 6. | како што Сара го слушаше Авраама, наречувајќи го господар, Вие сте нејзини чеда; ако правите добро, не плашете се од ништо. |
| 7. | Така и вие, мажите, живејте со своите жени разумно, и почитувајте ги како послабо суштество, и како сонаследници на благодатниот живот, за да не се појави препрека во молитвите ваши. |
| 8. | А најпосле, бидете сите еднодушни, жалостиви, братољубиви, милосрдни, дружељубиви, понизни; |
| 9. | не враќајте зло за зло или хула за хула, туку, напротив: благословувајте, знаејќи дека за тоа сте повикани за да наследите благословение. |