12:27-31;13:1-8
| 27. | Вие сте телото Христово, а поодделно – членови. |
| 28. | И едни од вас Бог постави во Црквата прво апостоли, второ пророци, трето учители; потоа даде дарби за чудеса и исцелување; па застапници, управници и луѓе што зборуваат на разни јазици. |
| 29. | Та сите ли се апостоли? Сите ли се пророци? Сите ли се учители? Сите ли се чудотворци? |
| 30. | Сите ли имаат дарби да лекуваат? Сите ли зборуваат на разни јазици? Сите ли се толкувачи? |
| 31. | Покажувајте ревност за поголеми дарби; а јас ќе ви покажам уште подобар пат. |
| 1. | Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. |
| 2. | Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да ги имам сите знаења за сите работи, а и така силна вера, што и планини да преместувам, – ако љубов немам, ништо не сум. |
| 3. | И да го раздадам целиот свој имот, да позволам телото да ми изгори, – штом љубов немам, ништо не ми користи. |
| 4. | Љубовта е долготрпелива, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не се гордее, |
| 5. | не прави што е непристојно, не бара свое, не се срди, не мисли зло, |
| 6. | на неправда не се радува, а на вистина се радува. |
| 7. | сe извинува, во сe верува, на сe се надева, сe претрпува. |
| 8. | Љубовта никогаш не престанува, а другото, ако се пророштва, ќе престанат; ако се јазици – ќе замолкнат; ако се знаења – ќе исчезнат. |