9:9-13
| 9. | А кога си одеше оттаму, Исус виде еден човек, по име Матеј, како седи на митница, и му рече: „Врви по Мене!” И тој стана и тргна по Него. |
| 10. | И кога седеше Исус на трпеза дома, одеднаш мнозина митници и грешници дојдоа и седнаа до Него и до учениците Негови. |
| 11. | Но, штом го видоа тоа фарисеите, им рекоа на учениците Негови: „Зошто вашиот Учител јаде и пие со митници и грешници?” |
| 12. | А Исус, кога го чу тоа, им рече: „Здравите немаат нужда од лекар, а болните; |
| 13. | одете и научете се што значи: »Милост сакам, а не жртва«. Зашто не сум дошол да ги повикам праведниците, туку грешниците, на покајание.” |