4:5-18
5. | Спрема надворешните однесувајте се благоразумно, ползувајќи го времето! |
6. | Зборот ваш секогаш да биде благодатен, зачинет со сол, за да знаете како треба на секого да му одговарате! |
7. | Што се однесува до мене, сe ќе ви соопшти Тихик, љубениот брат и верен служител и сотрудник во Господа, |
8. | кого нарочно поради тоа го испратив при вас, за да разбере како сте и да ви ги утеши срцата ваши, |
9. | заедно со Онисим, верниот и омилен наш брат, кој е од вас; тие ќе ви раскажат сe што станува овде, |
10. | Ве поздравува Аристарх, кој е затворен со мене, и Марко, внукот на Варнава – за кого добивте заповед: ако дојде при вас, примете го. |
11. | Исто така и Исус, наречен Јуст; тие се од обрезаните и единствени сотрудници за царството Божјо, кои ми беа утеха. |
12. | Ве поздравува од вашите Епафрас, служител на Исуса Христа, кој секогаш во молитвите свои се грижи, да бидете совршени и исполнети со секаква волја Божја. |
13. | Сведочам за него дека тој има голема ревност и грижа за вас и за оние што се во Лаодикија и Ерапол. |
14. | Ве поздравува Лука, возљубениот лекар, и Димас. |
15. | Поздравете ги браќата во Лаодикија, и Нимфана, и неговата домашна црква! |
16. | Откако ова послание се прочита при вас, направете да се прочита и во Лаодикијската црква, а она од Лаодикија да го прочитате и вие. |
17. | Кажете му на Архип: „Гледај ја службата, што си ја примил во Господа, да ја извршуваш!” |
18. | Своерачен поздрав од мене, Павла. Помнете ги оковите мои! Благодат меѓу сите вас. Амин! |