3:23-29
| 23. | Пред да дојде верата, ние бевме под стража на Законот, заклучени за верата, која имаше да се открие. | 
| 24. | И така, Законот беше за нас воспитувач во Христа, за да се оправдаме преку верата; | 
| 25. | а откако дојде верата, ние веќе не сме под раководство на воспитувач. | 
| 26. | Оти сите сте синови Божји преку верата во Христа Исуса; | 
| 27. | сите, што е крстивте во Христа, во Христа се облековте. | 
| 28. | Нема веќе ни Јудејци, ни Елини, ни роб, ни слободен; нема машки пол, ни женски; зашто сите вие сте едно во Христа Исуса. | 
| 29. | А, ако сте, пак, вие Христови, тогаш сте Авраамово семе, и по ветување наследници. |