Свето евангелие според светиот апостол Марко
 

 

Свето евангелие според светиот апостол Марко

Календар, житија, пости
Почеток
 

6:14-30

14. И цар Ирод разбра за Исуса, оти името Негово беше прочуено, па рече: „Јован Крстител воскреснал од мртвите и затоа стануваат чудеса преку него.”
15. Едни велеа: „Илија е!”, а други: „Пророк е, или како еден од пророците.”
16. А Ирод, штом чу, рече: „Тоа е Јован, на кого јас му ја отсеков главата; тој воскреснал од мртвите.”
17. Зашто сам Ирод прати да го фатат Јована, го врза и го фрли во затвор, заради Иродијада, жената на брата му Филипа, оти се ожени со неа.
18. Бидејќи Јован му велеше да Ирода: „Не ти е позволено да ја водиш жената на твојот брат!”
19. А Иродијада се озлоби против него и сакаше да го убие, но не можеше.
20. Оти Ирод се плашеше од Јована, знаејќи дека е тој човек праведен и свет, и го пазеше; многу работи вршеше од послушност кон него, и со пријатност го слушаше.
21. И настана погоден ден, кога Ирод, по повод на својот роденден, им приготви вечера на своите кнезови, војводи и старешини галилејски;
22. и влезе ќерката на Иродијада, играше и им угоди на гостите и на Ирода. Тогаш ? рече царот на девојката: „Барај од мене што сакаш и ќе ти дадам!”
23. И ? се заколна: ”Што и да побараш од мене, ќе ти дадам, дури и половината од моето царство.”
24. А таа излезе и ја праша мајка си: „Што да побарам?” Таа ? одговори: „Главата на Јована Крстител!”
25. И одеднаш, кога влезе при царот со брзина, се помоли, говорејќи: „Сакам уште сега да ми ја дадеш на табла главата на Јована Крстител!”
26. Царот се загрижи, но заради клетвата и гостите свои нејќеше да откаже.
27. И веднаш, откако испрати џелат, царот нареди да ја донесат главата негова.
28. А тој отиде, му ја отсече главата во затворот и ја донесе на табла, па ? ја предаде на девојката, а девојката ја даде на мајка си.
29. Учениците, пак, негови, кога разбраа, дојдоа и го зедоа телото негово и го погребаа.
30. И се собраа апостолите при Исуса, па Го известија за сe, и што направиле, и на што поучувале.