Свето евангелие според светиот апостол Матеј
 

 

Свето евангелие според светиот апостол Матеј

Календар, житија, пости
Почеток
 

13:54-58

54. А штом дојде во својот роден крај, го поучуваше народот во синагогите нивни. И сите се чудеа и велеа: „Од каде при Него ваква премудрост и сили?
55. Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка Му не се ли вика Марија, и браќата негови – Јаков и Јосија, Симон и Јуда?
56. И сестрите Негови не се ли сите меѓу нас? Од каде, пак, сето тоа при Него?”
57. И се соблазнија заради Него. А Исус им рече: „Нема пророк без чест, освен во земјата негова и во домот негов.”
58. И не изврши таму многу чудеса заради нивното неверување.