20:1-16
| 1. | Зашто царството небесно прилега на домаќин, кој излегол наутро рано да најми работници за своето лозје. |
| 2. | Па, штом се погоди со работниците по динариј на ден, ги прати во лозјето свое. |
| 3. | Потоа, кога излезе околу третиот час и виде други како стојат на пазариштето без работа, |
| 4. | им рече: »Одете и вие во моето лозје, па што е право, ќе ви дадам.« И тие отидоа. |
| 5. | Пак излезе околу шестиот и деветтиот час и направи исто. |
| 6. | А околу единаесеттиот час одново излезе и најде други, како стојат без работа, и им рече: »Зошто стоите тука цел ден без работа?« |
| 7. | Тие му одговорија: »Никој не нe повика.« А тој им рече: »Одете во моето лозје и, што е право, ќе добиете.« |
| 8. | А кога се стемни, господарот на лозјето му рече на својот настојник: »Повикај ги работниците и плати им, почнувајќи од последните па до првите.« |
| 9. | И дојдените околу единаесеттиот час добија по динариј. |
| 10. | А кога дојдоа првите, помислија дека ќе примат повеќе; но и тие добија по динариј; |
| 11. | и штом добија, негодуваа против господарот |
| 12. | и велеа: »Оние последните работеа еден час, а ти ги изедначи со нас, што ја претрпевме тегобата на денот и жегата.« |
| 13. | А тој им одговори и му рече на еден од нив: »Пријателе, не те онеправдувам: нели се погоди со мене за динариј? |
| 14. | Земи си го своето и оди си; и на овој, последниов сакам да му дадам колку и на тебе; |
| 15. | зар немам право да чинам со своето, што сакам? Или ти е окото завидливо, оти сум добар?« |
| 16. | Така ќе бидат последните први, а првите – последни; зашто мнозина се повикани, а малцина избрани.” |