5:14-19
| 14. | Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина. |
| 15. | Ниту, пак, светило се пали и клава под поклоп, туку на свеќник и им свети на сите в куќи. |
| 16. | Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесни. |
| 17. | Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам. |
| 18. | Зашто, вистина, ви велам: дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сe. |
| 19. | И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се нарече во царството небесно; а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно. |