Свето евангелие според светиот апостол Матеј
 

 

Свето евангелие според светиот апостол Матеј

Календар, житија, пости
Почеток
 

2:11-23

11. И штом влегоа во куќата, Го видоа Младенецот со мајка Му Марија, и паднаа, па Му се поклонија; а кога ги отворија своите ковчежиња, Му принесоа дарови: злато, ливан и измирна.
12. И кога примија в сон вест, не се вратија веќе при Ирода, а си заминаа по друг пат за својата земја.
13. А штом си отидоа тие, ете, ангел Господов му се јави на Јосифа в сон, велејќи: „Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, па бегај во Египет и остани таму дури не ти кажам, бидејќи Ирод ќе Го бара Младенецот за да Го погуби.”
14. И тој стана, Го зеде Младенецот и мајка Му ноќно време, па отиде во Египет.
15. И таму беше до смртта Иродова, за да се исполни реченото од Господа преку пророкот, кој вели: „Од Египет Го повикав Синот Свој.”
16. Тогаш Ирод, кога виде дека мудреците го измамија, се разгневи многу и прати, та ги уби сите младенци во Витлеем и по целата негова околина од две години и помали, според времето што точно го беше узнал од мудреците.
17. Тогаш се исполни кажаното преку пророкот Јеремија, кој говори:
18. Глас се слуша во Рама, плач и ридање, и пискот голем: Рахил плаче за своите деца и не сака да се утеши, зашто ги нема.
19. А по смртта Иродова му се јави на Јосифа насон во Египет ангел Господов
20. и му рече: „Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, и отиди во земјата Израелева, зашто изумреа оние што ја бараа душата на Младенецот.”
21. Тој стана, Го зеде Младенецот и мајка Му, и дојде во земјата Израилева.
22. Но, кога чу дека во Јудеја царува Архелај, место татка си Ирода, се уплаши да отиде таму; и откако доби вест в сон, тој замина во пределите Галилејски.
23. А кога пристигна, се насели во градот наречен Назарет, за да се исполни кажаното преку пророците дека Он ќе се нарече Назареец.