Свето евангелие според светиот апостол Матеј
 

 

Свето евангелие според светиот апостол Матеј

Календар, житија, пости
Почеток
 

3:13-17

13. Тогаш дојде Исус од Галилеја на Јордан при Јована за да се крсти од него.
14. А Јован Го одвраќаше, велејќи: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти при мене ли – доаѓаш?”
15. Но Исус му одговори и рече: „Остави го сега тоа, зашто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда.” Тогаш Јован Го остави.
16. И штом се крсти, Исус веднаш излезе од водата. Одеднаш Му се отворија небесата, и Го виде Духот Божји да слегува како гулаб и да се спушта над Него.
17. И ете, глас од небесата говореше: „Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја!”