13:10-17
| 10. | Во една од синагогите поучуваше Он во сабота. |
| 11. | И ете, дојде една жена која беше опседната од дух на немоќта осумнаесет години; таа беше згрбавена и никако не можеше да се исправи; |
| 12. | штом ја виде Исус, ја повика и ? рече: „Жено, се ослободуваш од болеста своја.” |
| 13. | И ги стави рацете Свои врз неа; и таа веднаш стана и Го славеше Бога. |
| 14. | А старешината на синагогата, негодувајќи што ја излекува Исус во сабота, одговори и му рече на народот: „Има шест дена во кои треба да се работи; тогаш доаѓајте и лекувајте се, а не во саботен ден!” |
| 15. | Но Господ му одговори и рече: „Лицемере, не го одврзува ли секој од вас својот вол, или осле, од јаслите во сабота и не го води ли да го напои? |
| 16. | А оваа ќерка Авраамова, што ја врзал сатаната еве веќе осумнаесет години, не требаше ли да се ослободи од тие врски во саботен ден?” |
| 17. | И кога го зборуваше ова, сите што беа против Него се засрамија; а целиот народ се радуваше за сите славни дела, извршени од Него. |