22:35-46
| 35. | И еден од нив, законик, искушувајќи Го, запраша и рече: |
| 36. | Учителе, која заповед е најголема во Законот? |
| 37. | А Исус му одговори: „Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум; |
| 38. | тоа е прва и најголема заповед; |
| 39. | а втората е слична на неа: Возљуби го својот ближен како себеси! |
| 40. | На тие две заповеди се крепат целиот Закон и Пророците.” |
| 41. | И кога се собраа фарисеите, Исус ги праша и рече: |
| 42. | Што мислите за Христа? Чиј е син? Му одговорија: Давидов. |
| 43. | Им рече: „Како тогаш Давид, надахнат од Духот, Го нарече Господ, велејќи: |
| 44. | »Му рече Господ на Мојот Господ: Седи од Мојата десна страна, додека не ги положам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои.« |
| 45. | И така, ако Давид Го нарече Господ, како тогаш да Му е Он син?” |
| 46. | И никој не можеше да му одговори ниту збор, и од тој ден никој веќе не се осмели да Го праша. |