11:19-26;11:29-30
| 19. | А оние, што се беа распрснале поради гонењето заради убиството на Стефана, стигнаа дури до Феникија, Кипар и Антиохија, не проповедајќи го словото никому освен на Јудејците. | 
| 20. | А некои од нив – Кипрани и Киринејци, штом влегоа во Антиохија, им зборуваа на Елините, проповедајќи им го Евангелието на Господа Исуса. | 
| 21. | И раката Господова беше со нив, та голем број луѓе поверуваа и се обрнаа кон Господа. | 
| 22. | И дојде слух за нив до ушите на црквата ерусалимска; и го испратија Варнава да отиде во Антиохија. | 
| 23. | А тој, кога пристигна, ја виде благодатта Господова, се зарадува, и со искрено срце ги молеше да пребиваат во Господа; | 
| 24. | оти тој беше човек добар и исполнет со Дух Свети и вера. И многу народ се присоедини кон Господа. | 
| 25. | Тогаш, пак, Варнава отиде во Тарс да го бара Савла; и откако го најде, го доведе во Антиохија. | 
| 26. | И цела година тие се собираа во црквата и поучуваа многу народ; и најнапред во Антиохија ги нарекоа учениците христијани. | 
| 29. | Тогаш учениците решија, секој, со што располагаше, да испрати помош на браќата, што живееја во Јудеја; | 
| 30. | и тоа го направија, откако го пратија собраното до старешините преку Варнава и Савла. |