Прво послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните
 

 

Прво послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните

Календар, житија, пости
Почеток
 

1:18-24

18. Бидејќи словото за крстот е безумство за оние, што гинат, а за нас, кои се спасуваме, сила Божја.
19. Зашто е напишано: „Ќе ја погубам мудроста на мудрите и ќе го отфрлам разумот на разумните.”
20. Каде е мудрецот? Каде е книжникот? Каде е препирачот од овој век? Не ја обезуми ли Бог мудроста на овој свет?
21. Зашто светот со својата мудрост не Го позна Бога во Неговата премудрост; Бог благоволи со безумството на проповедта да ги спаси оние што веруваат.
22. Оти и Јудејците сакаат знаци, а Елините бараат мудрост,
23. ние, пак, Го проповедаме Христа распнатиот, Кој е за Јудејците соблазан, а за Елините безумство;
24. за повиканите, пак, како Јудејците, така и Елините, Христа како Божја сила и Божја премудрост.