4:4-9
| 4. | Радувајте се секогаш во Господа, и пак ќе речам: радувајте се! |
| 5. | Кротоста ваша нека им биде позната на сите луѓе! Господ е близу! |
| 6. | За ништо не грижете се, туку во сe преку молитва и молба со благодарност изјавувајте ги пред Бога своите барања, |
| 7. | и мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Исуса Христа. |
| 8. | А понатаму, браќа мои, на она што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродетел, што е за пофалба, само на тоа мислете! |
| 9. | И она, што го научивте, примивте, чувте и видовте во мене, тоа вршете го – и Бог на мирот ќе биде со вас! |