4:14-16;5:1-6
| 14. | Имајќи Го големиот Првосвештеник, Кој преминал преку небесата, Исуса, Синот Божји, ние треба да се држиме за исповедувањето на верата. |
| 15. | Оти, ние немаме таков Првосвештеник, што не може да не соучествува во нашите слабости, туку таков, Кој искусил сe како и ние, освен грев. |
| 16. | И така, слободно да пристапуваме кон престолот на благодатта, за да примиме милост и да најдеме благодат за благовремена помош. |
| 1. | Зашто секој првосвештеник, кој од луѓе се избира, за луѓето се поставува на служба Божја, да принесува дарови и жртви за гревовите, |
| 2. | и да може да ги разбира оние, што се неумешни и заблудени, бидејќи и сам е со слабости; |
| 3. | и затоа е должен како за народот, така исто и за своите гревови да принесува жртви. |
| 4. | И никој сам не се здобива со таква чест, освен оној, кој е повикан од Бога, како и Арон. |
| 5. | Така и Христос не се прослави Сам Себеси, за да биде првосвештеник, туку Го прослави Оној, Кој Му рече: „Ти си Син Мој, Јас Те родив денес” |
| 6. | како што е на друго место речено: „Ти си вечен свештеник по чинот Мелхиседеков.” |