Второ послание на светиот апостол Павле до Тимотеј
 

 

Второ послание на светиот апостол Павле до Тимотеј

Календар, житија, пости
Почеток
 

3:10-15

10. Ти се угледа на моето учење, животот, целта, верата на мојата големодушност, љубовта, трпеливоста,
11. на моите гонења и страдања, што ми се случија во Антиохија, и во Иконија, и во Листра, какви прогони претрпев; и од сe Господ ме избави.
12. Па и сите, што сакаат да живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети.
13. А лошите луѓе и лажливците ќе напредуваат во злото, заблудувајќи други како и себеси.
14. Но ти остани во тоа, што си го научил, и што ти е поверено, знаејќи од кого си го научил,
15. бидејќи уште како мал ги знаеш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса.