Послание на светиот апостол Павле до Ефесјаните
 

 

Послание на светиот апостол Павле до Ефесјаните

Календар, житија, пости
Почеток
 

4:1-6

1. Браќа, јас, затвореник во Господа, ве молам да се однесувате достојно според звањето, за кое сте повикани,
2. со секаква смиреност и кротост, со долготрпеливост, поднесувајќи се еден друг со љубов,
3. трудејќи се да го запазите единството на Духот преку врските на мирот.
4. Едно тело сте и еден Дух, како што сте и повикани кон една надеж на вашето звање.
5. Еден е Господ, една е верата, едно е крштевањето,
6. еден е Бог и Отец на сите, Кој е над сe, и преку сите, и во сите нас.