Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветување на црквата на Свети Никола во Сушица (23.09.2005)

 

Во неделата (18 август/05 септември) на денот на споменот на  Св. праведни Захарија Елисавета, Неговата Високопреосветеност Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј со свештенослужители од својата епархија изврши осветување на црквата посветена на свети Николај чудотворец Мирликиски, во с. Сушица - Бродско.

На осветувањето и на Божествената Литургија присуствуваа поголем број жители од ова село. Во оваа прилика Владиката му се обрати на собраниот народ со пригодна беседа.

Црквата на Св. Никола е постара црква, изградена во 1912 година, а фрескоживописот е завршен во 1940 година.