Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Македонија во чест на Свети Кирил (25.05.2005)

 

 

 

 

 

 

Во црквата на Свети Климент папа Римски на гробот на Свети Кирил во Рим, денес Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј во присуство на официјална македонска делегација од високи државни претставници отслужи Молебен.

 

 

 

 

 

 

 

 

Делегацијата којашто во рамките на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил“ се поклони на гробот на рамноапостолниот сесловенски просветител ја предводеше премиерот на Владата на Република Македонија, г-динот Владо Бучковски, а во неа меѓу другите на Светителот му оддадоа чест и министерот за култура Благоја Стефановски, заменик министерот за економија Саша Андоновски, претседателот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Цане Мојановски, и др.