Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Цветници во селото на Вселенскиот Патријарх на Имврос (10.04.2023 19:01)

На празникот на Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим (Цветници), во храмот „Свети великомаченик Георгиј“, во селото Светите Теодори, на Имврос, беше отслужена Света Литургија на која присуствуваше Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј со други митрополити од Патријаршијата, меѓу кои и домаќинот, Митрополитот Имвроски и Тенедоски г. Кирил. На Литургијата присуствуваше и Епископот Стобиски г. Јаков со свештеници и монаси од Скопската, Дебарско-кичевската и Струмичката епархија. Од страна на Патријархот, на крајот од Литургијата, беа произведени во почесни архимандрити на Вселенската Патријаршија о. Кирил и о. Анатолиј од Бигорскиот манастир, и во протопрезвитери о. Никола Христоски, о. Димче Ѓорѓиевски, о. Кирил Јовановски, о. Бобан Митевски, о. Александар Димовски и о. Симеон Кантурски. Епископот Стобиски г. Јаков му се заблагодари на Патријархот за покажаната љубов од име на целата делагација.

Извор: Вселенска Патријаршија