Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Православен календар 2023 – бесплатна апликација и за iPhone (IOS) (07.01.2023 18:13)

 

Од денес, по повод празникот Рождество Христово, достапна е верзијата на апликацијата „Православен календар“ за 2023 година и за iPhone (IOS), во издание на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“, Велјуса.

Апликацијата ги содржи следните податоци потребни за секојдневниот духовен живот: православен календар, евангелско четиво на денот и празникот, правило за пост, поуки од Светите отци, житија и тропари на светителите, како и за сите празници.

Доколку не  работи апдејтот, потребно е прво да ја избришете апликацијата за 2022 со држење на иконата и Remove app/Delete app, и повторно да ја инсталирате од appstore, или горенаведениот линк

Христос се роди!