Vesti i nastani
 
 
 
 
 

По неуспешна средба со Патријархот Иринеј делегацијата на Цариградската Патријаршија ќе се сретне со привремената управа на Патријаршијата во Ерусалим (07.05.2005)

Делегација на Вселенската Патријаршија ќе се сретне со тричлениот одбор којшто времено ја презеде управата со Ерусалимската Патријаршија по отфрлањето на Патријархот Иринеј од страна на 13 членови на Синодот. Во петокот доцна навечер, по свикувањето на Светиот Синод, тричлениот одбор испрати писмо со одлука на Синодот за симнување на г. Иринеј до Владите на Јордан, Израел и до палестинските власти. Според известувачот на NET, Панос Харитос, во меѓувреме г. Иринеј, којшто одбива да даде оставка, во неговиот дом го чуваат четворица израелски полицајци и неговите телохранители. Фанарската делегација го посети дома и имаше неколкуминутен разговор со него, без да постигне особени резултати. Истовремено, влезот во Ерусалимската Патријаршија е повторно возможен по одлуката на Архиереите и на братството при Светиот Гроб да го прекинат преземањето на Патријаршијата во свои раце кон што прибегнаа во петокот попладне. Во понеделник тричлениот одбор ќе го сослуша братството на Светиот Гроб за време на состанок кој ќе се одржи во Патријаршијата.

 

Постојани состаноци во Грчкото Министерство за Надворешни работи

 

Во исто време Атина детално ги разгледува последните случувања во Патријаршијата со постојана отворена линија на комуникација меѓу Владата и Грчкиот Конзулат во Ерусалим, како и со странките инволвирани во ситуацијата.

Заменикот министер Панајотис Скандалакис утрово имаше низа состаноци во врска со оваа работа во грчкото Министерство за надворешни работи. Според дипломатски извори, случувањата во Ерусалимската Патријаршија не би требало да доведат до избрзани одлуки, бидејќи законите што го покриваат постоењето и делувањето на Патријаршијата се прилично сложени и засновани врз меѓународни и билатерални договори.

 

Инфромацијата е преземена од: www.ert.gr