Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Православен календар 2022 – бесплатна апликација за iPhone (IOS) (02.02.2022 18:23)

Со голема радост објавуваме дека од денес, на празникот на свети Максим Исповедник, достапна е верзијата на апликацијата „Православен календар“ за 2022 година и за iPhone (IOS), во издание на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“, Велјуса. Апликацијата ги содржи следните податоци потребни за секојдневниот духовен живот: евангелско четиво на денот и празникот, правило за пост, поуки од Светите отци, житија и тропари на светителите, како и за сите празници. Апликацијата е збогатена со тропари за повеќе светители благодарение на трудот на сестринството од манастирот „Свети Јован Претеча“, Слепче.

По молитвите на Пресвета Богородица и сите Светии, овој принос нека послужи за „благиот Господ да ги отвори душите наши, и слухот наш духовен, и видот наш духовен, да Го повикуваме секој ден и секоја ноќ Господ, да бидеме свесни дека во овој свет сме на богатата трпеза Божја, дека сме во Црквата Негова, во Црквата Негова на вечната трпеза, на вечната Вистина и Правда Божја, дека тоа е она што ни треба во овој свет, дека Господ Христос донесе сѐ што му треба на човековото битие, и во овој и во оној свет за Живот Вечен. Нему чест и слава, сега и секогаш и во сите векови. Амин“ (преп. Јустин Ќелиски).