Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Заупокоена Литургија и Парастос во соборниот храм во Скопје (23.12.2021 14:46)

Денес, на 23.12.2021 година, по повод годишнината од блаженото упокојување на поранешниот Митрополит Европски Горазд, во присуство на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и другите архиереи од Светиот Синод на МПЦ – ОА, Митрополитот Европски г. Пимен во сослужение со Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј и викарниот Епископ Стобиски г. Јаков, отслужи Заупокоена Литургија и Парастос, во архиепископскиот соборен храм „Свети Климент Охридски“, во Скопје. Потоа, викарниот Епископ Стобиски Јаков отслужи помен на гробот на поранешниот Митрополит Европски Горазд, во манастирот „Св. пророк Илија“ – Чардак, кај с. Мирковци, Скопска Црна Гора.