Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Празнична Вечерна богослужба во соборниот храм (07.12.2021 14:43)

На 7.12.2021 година, во пресрет на празникот Свети Климент Охридски, со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј, чиноначалствуваше со празничната Вечерна богослужба во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

На Вечерната сослужуваа клирици од Скопската епархија и свештенослужители од Бигорскиот манастир.