Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чествување на патронатот на МПБ „Св. Климент Охридски“ (07.12.2021 14:43)

На 6.12.2021 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, присуствуваше на Вечерната богослужба со која, по 54-ти пат, започна прославата на патрониот празник на Македонската православна богословија, „Свети Климент Охридски“. На Вечерната богослужба чиноначалствуваше Неговото Вископреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, а беа присутни и ректорот на Богословијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Европски г. Пимен, како и Епископот Стобиски г. Јаков.

По Вечерната во параклисот при МПБ, посветен на св. Климент Охридски, се одржа свечена академија која започна со прекршување на празничната погача од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен. Свеченоста продолжи со поздравното слово од страна на проф. Илија Петров, истата беше збогатена со настап на хорот при МПБ, а беа наградени и темите и песните напишани од учениците по повод патронатот. На крајот пред присутните се обрати и ректорот Митрополит Повардарски г. Агатангел, кој му се заблагодари на св. Климент Охридски за застапништвото и молитвите.

Извор: Скопска епархија