Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Документарниот филм за свети Нектариј Егински – „Божји човек“ ќе се прикажува во Скопје (06.12.2021 15:25)

Со благослов на Архиепископот г. г. Стефан, а по иницијатива на Кабинетот на Архиепископот и реализација на добронамерници, православните христијанин од Македонија, како и преостанатата публика, ќе имаат можност да го погледнат документарниот филм за свети Нектариј Егински – „Божји човек” во Cineplexx киното во City Mall, во Скопје. Премиерата ќе се одржи на 9. 12. 2021 г., четврток, во 20.00 ч.

За преостанатите претстави, следете ја програмата на киното.

Напоменуваме дека за проекциите важат ковид протоколите.