Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Средба со градоначалникот на Општина Бутел (19.11.2021 14:11)

На 19.11.2021 година, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан оствари средба со градоначалникот на Општина Бутел, г. Дарко Костовски. На средбата беа разгледани тековни прашања кои се однесуваат на имотите, храмовите и манастирите на Скопската епархија на територијата на Општината, како и идните проекти, коишто новата локална власт сака да ги реализира во поглед на духовниот и социјалниот живот.

Извор: Скопска епархија