Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Средба во Кабинетот на Архиепископот г.г. Стефан (19.03.2021 16:18)

Денес, на 19.03.2021 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, оствари средба со претседателот на Глобалниот совет за толеранција и мир, г. Ахмед Бин Мохамед Алџарван и со претставникот на Советот, проф. д-р Зоран Илиевски.

На средбата се отвори дискусија за повеќе актуелни случувања поврзани со толеранцијата и мирот на глобално ниво, а се посвети време и на сесветската пандемија со Ковид-19, како и на предзвициете кои произлегуваат од неа. Високиот гостин го запозна Неговото Блаженство со проектите и ангажманите на Советот, а од своја страна, пак, Архиепископот ја реафирмира подготвеноста на Македонската православна црква за понатамошна соработка во остварувањето на вредностите на толеранцијата и мирот.