Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Света Архиерејска Литургија во Велес (13.10.2019 10:57)

На 13 октомври 2019 година,  кога го празнуваме споменот на свети Григориј Просветител, Епископ Ерменски, свети Михаил, прв Митрополит Киевски,  и споменот на светите маченички Гајанија, Рипсимија и останатите триесет и пет монахињи, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и бројно свештенство на Македонската Православна Црква, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Кирил и Методиј“, во Велес.

По завршувањето на Божествената Литургија, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со Митрополитите изврши осветување на црковната трпезарија и помошните простории при црквата „Свети Кирил и Методиј“.

 

Извор: Преспанско-пелагониска епархија