Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Излезе од печат новиот број на „Премин“ (24.04.2019 20:40)

Излезе од печат новиот број на списанието „Премин“, кој е посветен на света Марија Магдалена, првиот благовесник на Воскресението.

„Откако Христос истера седум зли духови од Марија Магдалена , која ја величаме како една од Христовите мироносици, во неа во потполност се всели седумпати посилната божествена благодат на Духот. Значи, поради нејзината истрајност, Марија Магдалена била удостоена да види ангели и да зборува со нив. Таа Го видела и Самиот Господ и станала Негов апостол на апостолите. Поучена од Неговата божествена уста, и откако конечно добила потврда, отишла кај апостолите и им рекла: ’дека Го видела Господ и дека тоа ѝ рекол‘.

Да размислиме, браќа, колку далеку била Марија Магдалена од достоинството на Петар, врвот меѓу апостолите, и Јован, Христовиот возљубен богослов, а сепак, таа била удостоена да искуси уште повозвишени нешта од нив. Кога дошле на гробот, тие ги виделе само плаштаницата и завоите, додека пак, таа – благодарение на нејзината внатрешна, трпелива истрајност, бидејќи до крајот останала на влезот во гробот, видела не само ангели, туку и Самиот Господ на ангелите, воскреснат од мртвите во тело, пред апостолите да Го видат. Таа со свои уши Го слушнала и станала послушница на заповедите што доаѓале од Неговата божествена уста.“

Свети Григориј Палама

                         

 

Содржина

 

1. Света Марија Магдалена: Првиот благовесник на Воскресението

2. Дваесет и осма беседа / Свети Григориј Палама

3. Беседи / Митрополит Струмички Наум

4. Вистинското прашање: се каеме или не? / Викарен Епископ Стобиски Јаков

5. Скриениот (апостол) / јеромонах Тит

6. Блажениот апостол на Воскресението / о. Горан Стојчевски

7. Тhe Bravery and Courage of the Myrrhbearing Women / Archimandrite Cleopa (Ilie)

8. Психичките растројства се хранат од гревовните страсти / проф. д-р Дмитриј А. Авдеев
9. Невидливата војна / игумен Арсениј Бока

10. Женскоста денес: свето или профано / проф. д-р Венко Андоновски

11. Кога медиумот ја заменува пораката / д-р Жан-Клод Ларше

12. Совеста, гласот Божји / Крум Велков

11. Репортажа: За Ерусалим / Александар Дончев
12. Никита од Маронија – посебен поглед кон Западот (II дел) / проф. д-р Георги Каприев

13. За природата на човекот – Августин Аврелиј / јероѓакон Симеон Алексов

14. Кодот на Да Винчи: „Да, како да не“ / Скриените евангелија / Фредерика Метјуз-Грин

15. За Воскресението на Логосот / Џонатан Пажо

16. Приказната за Марија Магдалена / Јанко Илковски

17. Нељубов / Никола Пијанманов

18. Нови изданија: A Prayer Book / „Светилници на светот“

19. Вести: Литија со иконата на Пресвета Богородица „Брзопослушничка“
20. Проповедник на Живиот Бог / Славица Тодоровска

22. Детско катче: Свети Јоаникиј Ракотински – духовник, учител и лекар / Катерина Божинова
23. Поезија / Мики Делев