Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Тетово (31.07.2016 10:39)

На 31.07.2016 година, шестта Недела по Педесетница, кога се празнува споменот на светиот маченик Емилијан, Неговото високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение со надлежниот архиереј Тетовско-гостиварски г. Јосиф, и со свештеници од Тетовско-гостиварската епархија во соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово отслужи Света Златоустова литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Извор: Тетовско-гостиварска епархија