Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Тетово (11.04.2016 16:02)

На 10.04.2016 година, четврта недела од Великиот пост, посветена на св. Јован Лествичник, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Европски г. Пимен во сослужение на Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф и надлежниот архиереј, Тетовско-гостиварски г. Јосиф, како и свештенство од Тетовско-гостиварската, Дебарско-кичевската, Европската, Струмичката, Кумановско-осоговската и Преспанско-пелагониската епархија, служеше Света Василиева Литургија во манастирската црква на свети Атанасиј Велики во Лешочкиот манастир. На Литургијата, во презвитерски чин беше ракоположен ѓаконот Константин Павлевски.

По Литургијата се отслужи трисагија на гробот на нашиот просветител и голем духовник од времето на македонската преродба игуменот Кирил Пејчиновиќ, кој неуморно се борел за зачувување на чистотата на православната вера, и на изворното православно предание, трудејќи се да искорени секакво суеверие.

Извор: koe.mk