Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Одбележување на патрониот празник на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ (05.12.2014 14:06)

На 05.12.2014 година на Православниот богословски факултет во Скопје, во рамките на чествувањето на свети Климент Охридски, беше одржана свечена академија. На присутните со пригодно слово им се обрати Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во кое ја нагласи неопходната потреба на целокупното наше општество да го чува и да оди по патот, трасиран од нашиот свет отец Климент Охридски. На свеченоста беа присутни и митрополитите г. Петар преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски и г. Агатангел повардарски, деканот заедно со професорите и студентите, како и останати гости. На свеченоста беше промовирана илустрираната монографија „Православен Богословски Факултет (1977-2012)“ чиј автор е деканот на факултетот проф. д-р Ацо Гиревски. Во оваа пригода им беа доделени дипломи на новодипломираните студенти.

 

Извор: Скопска епархија