Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Заупокоена Литургија во манастирот на св. вмч. Георгиј, с. Дељадровце (07.06.2014 21:14)

На 7.06.2014 година, во прекрасната манастирска црква на св.вмч. Георгиј во с. Дељадровце, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р. Јосиф и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи заупокоена Литургија и годишен помен за блаженоупокоениот Митрополит г. Кирил. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

На Литургијата беа присустни и Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, и Митрополитите Тимотеј, Наум и Иларион.