Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Излезе од печат новиот број на православното списание „Премин“ (05.05.2014 16:37)

За празникот на Воскресението Христово излезе од печат новиот број на православното списание „Премин“, посветен на блажен Серафим Роуз.

 

„Созерцувајќи го величието на Божјото создание, ја наѕираме, иако нејасно и магловито, убавината на Божјото вечно Царство, за кое сме сите создадени. Мораме секогаш да се сеќаваме дека нашиот дом е на Небесата; мораме да се ослободиме од сите залудни и ситни страсти и грижи кои нè држат за земјата, за паднатиот овоземен свет, кои ни попречуваат да ја разбереме целта на нашето создавање. Колку лесно ја забораваме самата причина за нашето постоење... Затоа, да почнеме барем да се бориме против прангите на ситните страсти, и да се сеќаваме дека нашиот вистински дом не е овде, туку на Небесата. Да „се стремиме кон нашата небесна татковина“, како што велеше свети Герман... Ad astera! Ad astera! (лат. „Кон ѕвездите! Кон ѕвездите!“, од поговорката Per aspera ad astera  – Преку страдања до ѕвездите).“ – извадок од последната беседа на о. Серафим Роуз