Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Посета на Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан на американско-канадската епархија (14.07.2013 19:15)

Во периодот од 10 - 30 јули, Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, на покана од Неговото високопреосвештенство, Митрополитот г. Методиј, а по повод  50-годишнината од осветувањето на првиот македонски  православен храм  на Северноамериканскиот континент „Свети апостоли Петар и Павле“ во Краун Поинт, Индијана ќе изврши канонска посета на Американско-канадската епархија,  каде што ќе учествува во предвидените чествувања за овој  значаен јубилеј од поновата  историја на Македонската православна црква.

Распоред на посетите и богослужбите

10-ти до 14-ти јули  - Св. Петар и Павле - Краун Поинт, Индијана

12.07 (петок) - Архиерејска Литургија - Петровден

13.07 (сабота) - Архиерејска Литургија - Павловден

14.07 (недела) - Архиерејска Литугрија - Св. Козма и Дамјан

15-ти до 17-ти јули - Успение на  Пресвета Богородица - Колумбус, Охајо

16.07 (вторник) - Архиерејска Литургија - Св. мч. Јакинт

18-ти до 21-ви јули - Раѓање на Пресвета Богородица - Стерлинг Хајтс, Мичиген

21.07 (недела) - Архиерејска Литургија - Св. вмч. Прокопиј

22-ти до 30-ти јули - Канада

26.07 (петок) - Архиерејска Литургија Св. Климент, Торонто - Собор на Св. Арх. Гаврил

28.07 (недела) - Архиерејска Литургија  Св. Илија, Мисисага - Св. мчц. Кирик и Јулита