Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Чествување на патрониот празник во Соборниот храм на Светите Кирил и Методиј во Тетово (24.05.2013 13:10)

 

На ден 24.05.2013  по повод големиот христијански празник на Светите Кирил и Методиј во соборната црква посветена во нивна чест во Тетово, со благослов на нашиот надлежен епархиски Архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Кирил беше отслужена Света Божествена Литургија од страна на Неговото Преосвештенство Епископот Лешочки г. д-р Јосиф, во сослужение на повеќе свештенослужители од Тетовското архиерејско намесништво. Активно учество во Светата Литургија зема и женскиот младински хор „Менада“ од Тетово под диригенство на Маестро д-р Ивица Зориќ.

 


Известува:  Диме Змејковски