Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Куманово (14.04.2013 10:00)

На 14. 04. 2013 година Недела четврта на Великиот Пост посветена на Јован Лествичник, на празникот Преподобна Марија Египетска; св. Мелитон Сардиски, во манастирот св. Ѓорѓи во Куманово Негово преосвештенство г. д-р. Јосиф Епископ Лешочки отслужи Света Божествена Архиерејска Василева Литургија. На светата богослужба присуствуваше староновиот градоначалник на Куманово г. Зоран Дамјановски и пратеникот г. Оливер Спасовски. Потоа Епископ г. Јосиф произнесе празнично слово а верниците заедно со дечињата се причестија со светите дарови. Колку сме среќни, ние христијаните, што имаме ваков Бог!

 

 

Известува о. Жико Тодоровски